Плажа Калдрма располага со сопствен паркинг, тоалети, лежалки, соблекувална и летен шанк кој нуди освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци.
Плажата има идеална природна сенка од јаворите и е одлична за летните горештини. Опколена е со ограда за да се заштитат децата од сообраќајот на патот.
Летниот шанк нуди и храна од менито на Ресторан Калдрма.